Секоја недела граѓаните ан Загреб, но и туристите, имаат прилика да се возат со музејски примерок на трамвај стра речиси 100 години, а ова превозно средство привлекува се повеќе внимание. Во однос на другите, модерни примероци кои сообраќаат низ главниот град на Хрватска, споменатиот трамвај секако лесно е да се уочи. Трамвајот датира од 1924 година, и сообраќа бесплатно во недела. Стаува збор за преокт на Техничкиот музеј „Никола Тесла“. Заинтересираните граѓани можат да се возат со оригиналната машина тип M-24 од 1924 година, и приколица конструирана од инженер Драгутин Мандл. Произведени се во работилниците на „Загребски електричен трамвај“, а од 1973 година се дел од фундусот на споменатиот музеј.