Насловна / Вести / Нова анализа: Норвешка најдобра европска земја за живот, Македонија последна

Нова анализа: Норвешка најдобра европска земја за живот, Македонија последна

Najdobri zemji za ziveenje

Чешкиот лингвистичар и математичар Јакуб Мариан, направил анализа и подготвил мапа со која е оценета благосостојбата во земјите во Европа. Истражувањето го направил врз основа на дури 44 различни индикатори со цел да прикаже која земја е најдобра за живеење. Резултатите покажале дека најдобра земја за живеење е Норвешка со 100 бодови, додека најлоша е Македонија со 42,9 поени што е најниско во Европа. Мариан ги земал предвид податоците за БДП, стапката на невработеност, инфлацијата, преваленцијата на болести, очекуваниот животен век, квалитетот на инфраструктурата, состојбата со животната средина, контролата на корупцијата, слободата на медиумите и уште многу други индикатори. Мапата е изработена врз основа на извештајот на „Boston Consulting Group“ за 2016 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top