Агросолар е се попопуларно и корисно решение за употреба на соларната енергија, кое веќе има примена во Србија и регионот. Најновиот ваков пример во Србија е применет на органска фарма, во недопрена природа во околината на Ваљево, каде се одгледува и преработува органско овошје и зеленчук. На истата локација сега ќе се произведува и електрична енергија.
Инсталацијата има 48 панели со вкупна моќност од 17,5kW. Поставувањето на фотоволтаици над земјодеслко земјиште („над“ а не „на“ земјоделско земјиште е битната разлика), носи двојна корист. Прво, стануува збор за истовремено производство на енергија и земјоделско производство. Исто така, евапорацијата на растенијата ги лади соларните панели и ја одржува нивната ефикасност, а од друга страна панелите се заштита за растенијата од директното сончево зрачење и многу високите температури. Проектот е реализиран во склоп на иницијативата Иновативна и праведна зелена транзиција за обезбедување на системска енергетска сигурност и намалување на енергетската сиромаштија која ја спроведува UNDP Србија во партнерство со Министерството за заштита на животната стредина, Министерството за рударство и енергетика, со финансиска поддршка на Владата на Јапонија.