Насловна / Градежништво / Нов „земјотрес“ во зграда на Адора Инженеринг

Нов „земјотрес“ во зграда на Адора Инженеринг

KIR_0008
Адора Инженеринг со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, со „вештачки земјотрес“ уште еднаш научно ќе ја докажуваат стабилноста на станбените објекти, изградени од оваа градежна компанија.

Тестирањето ќе се одржи утре, во новоизградениот станбен објект на Адора Инженеринг на улица „Методија Шаторов Шарло“ во општина Аеродром, до црквата Свети Илија. Тоа е во согласност со новите измени на Законот за градење, за зголемена стабилност и сеизмичка заштита на градбите и за  безбедност на граѓаните.

„Адора Инженеринг“ е првата и единствена компанија во државава која ја докажува врвната асеизимичка стабилност на станбените објекти со „вештачки земјотрес“.

Испрати коментар

Scroll To Top