Нов Зеланд е се поблиску до својата цел да засади една милијарда стебла. Владата пренасочила дополнителни 240 милиони долари за овој проект, со што неговиот буџет сега е 485 милиони долари за три години. Со тоа, проектот станува најзначајна климатска програма на нациоално ниво. Владата на оваа земја планира да стане економија без емисии на стакленички гасови до 2050 година, при што пошумувањето е само дел од мерките.
Нов Зеланд оваа акција ја претстави на најдбар можен начин, потенцирајќи дека значително ќе се рехабилитира животната средина, и ќе се отворат најмалку 1000 нови работни места, а одговорот од јавноста бил одличен. Критичарите на овој план сметаат дека проектот не се спроведува доволно транспаретно, и дека проблемите на загрозените категории и болните деца се далеку поважни од садењето на дрвја.
Со Парискиот договор, Нов Зеланд се обврза да ги намали емисиите на стакленички гасови до 2030 година за дури 30% споредено со нивото од 2005 година.