Минатата година Кина одлучи да воведе нов закон со кој драстично се заоструваат критериумите за увоз на отпад. Анлитичарите сметаат дека причината за оваа одлука е растечката средна класа во кина. Поедноставно кажано, расте бројот на кинези кои масовно купуваат и фрлаат производи исто како и потрошувачкото западно општество. Како резултат на овие состојби, Кина има доволно отпад да го затвори кругот на проток на материјалите и веќе нема потреба од увоз на странски отпад. Законот делумно стапи на сила во почетокот на 2018, а проблемите на големите извознци на отпад во светски рамки стануваат се поочигледни.
Група научници соопштија дека одлуката на Кина веќе да не го прифаќа пластичниот отпад од другите земји ќе резултира во акумулација на пластика ширум светот, и ги повика развиените земји да пронајдат решение.
Научниците во новата студија која е објавена во магазинот Science advances, се обиделе да го одредат влијанието на кинеската забрана за увоз на пластичен отпад на глобален план, и навеле дека земјите во светот до 2030 година ќе се соочат со над 122 милиони тони пластичен отпад. Според нивната анализа, од 1992 година до денес Кина увезла 115 тони пластичен отпад.
Развиените земји како САД, Јапонија и Германија, долги години ја испраќаа пластиката на рециклирање во Кина, но сега веќе оваа земја не сака да биде најголемата светска депонија за пластика.