Ликовниот уметник Елена Чемерска и креативното студио KIOSK од Скопје пуштија во етер нов web site за Споменикот на Слободата во Кочани.
Споменикот на слободата или споменик „Слобод“, подигнат 1981 година на ридот Локубија, во чест на 40 годишниот јубилеј од НОБ, претставува монументално дело на уметникот Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ.
Новиот web site покрај тоа што е еден вид споменар на ова дело има за цел и да овозможи на сите оние кои имаат свои приказни поврзани со него да ги споделат и на тој начин да се изгради една колективна меморија која бо можела одново да го доближи споменикот до оние кои треба да го користат и негуваат. Да ја подигне светса за темата, мотивот, значењето и да не научи да умееме да вреднуваме и почитуваме. Да научиме да создадеме една критична мисла со вистински аргументи.
Новата платформа можете да ја погледнете на овој линк.