Во нуклеарната централа Белојарскаја во Русија, изграден е нов реактор од типот BN-800, јавуваат од компанијата „Росатом“. Се работи за брз неутронски реактор ладен со вода, со моќност од 880 MW. Го нарекуваат реактор на иднината и има технологија со затворен циклус на користење на нуклеарното гориво, која го сведува на минимум нуклеарниот отпад и го проширува изборот на елементи кои може да се користат како гориво.