Истражувачи од факултетот во Мичиген инспирирани од јапонските оригами создадоа соларни ќелии кои што можат да се виткаат и развлекуваат со што процентот на производство на електрична енергија се зголемува дури за 30 проценти. Главна идеја на ваквиот проект е фактот дека обичните соларни панели се статични, додека сонцето е во постојано движење, па на овој начин се очекува тие да произведуваат повеќе енергија следејќи го движењето на сонцето.