Toyota соопшти дека нивниот модел Mirai со водородни горивни ќелии, минал 1359 километри со едно полнење. Со тоа е поставен нов светски рекорд за возила со таков погон, што е потврдено и од Гинисовата книга на рекорди. Рекордот е поставен во САД, со две лица во возилото, и тоа по два дена внимателно возење. Новиот Mirai инаку покрај модерниот изглед се одликува и со платформата Toyota New Global Architecture (TNGA), како и простран ентериер за пет патници, поголема автономија и поголема моќност. Mirai е долг 4975 mm, широк 1885 mm, висок 1470 mm, и има меѓуоскино растојание од 2920 mm.Тоа значи дека новиот модел е подолг, поширок и нешто понисок во однос на претходните. Во внатрешноста има црна кожа, дигитални инструменти, екран од 12,3″ чувствителен на допир, и сл.