Насловна / Вести / Нов софтвер кој може да ги заштити птиците од ветерните турбини

Нов софтвер кој може да ги заштити птиците од ветерните турбини

Softver za zastita na ptici od veternici2

Иако енергијата од ветерот е „зелена“ односно еколошка енергија, сепак ветерните турбини имаат и негативно влијание врз животната средина изразено преку опасноста за птиците и лилјаците кои  трагично завршуваат меѓу лопатките на ветерните турбини. Истражувачите од Pacific Northwest National Laboratory (PNNL) во моментот работат на нов софтвер кој користи термална камера со цел заштита на птиците и лилјаците кои с едвижат во близина на ветерните паркови.

Softver za zastita na ptici od veternici

Софтверот под името ThermalTracker  ги идентификува птиците и лилјаците врз основа на снимките од термалната камера ноќе. Оваа технологија би требало да им помогне на надлежните во идентификување на вообичаените патеки на движење на овие животни и избегнување на фаталните последици.

Softver za zastita na ptici od veternici3

Производството на „чиста“ енергија од ветерните турбини носи многу предности во смисла на одржливиот развој, вработувањата и економскиот раст. Сепак, за жал големите лопатки на ветерните турбини често с есмртоносни за одредени видови. Се проценува дека 300.000 птици и лилјаци годишно умираат како колатерала од овие централи. “Се работи за сериозен еколошки проблем чие решавање бара сериозен ангажман велат од PNNL”. Инаку, новиот софтвер ја користи всушност истата технологија која ја користи војската за набљудување ноќно време.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top