Општина Центар ги завршува градежните работи на новиот сквер на улица „Пиринска“.
Скверот е со површина од 290 м2 и е поплочен со комбинација од природен гранит и травертин.
Доминараат мултифункционалните урбани елементи, клупа и вградени држачи за велосипеди. Амбиентот го дополнуваат две високи дрвја- ликвидамбери, кои во лето ќе бидат природен чадор за сонце.
На скверот ќе има пет жардинери со густо зеленило, а ќе биде осветлена со канделабра и 17 амбиентални светилки“, соопштуваат од Општина Центар.
Скверот е во непосредна близина на зградата чија фасада лани беше реконструирана од страна на општината, гледа на булевар „Климент Охридски“ и Соборниот храм.
„Ова е ново место за одмор во општина Центар, како за жителите на околните згради, така и за минувачите. Веќе се насетува автентичниот урбан белег, по кој ќе биде препознатлив“, пишува во соопштението на Општина Центар.