Насловна / Вести / Нов скандал со популарните plug-in хибриди и емисиите

Нов скандал со популарните plug-in хибриди и емисиите

Продажбата на plug-in хибридни возила во европа нагло расте, но тестовите на најновите модели потврдуваат дека тие загадуваат многу повеќе отколку што тврдат производителите на автомобили – дури и кога започнуваат со полна батерија. Трите најпопуларни хибридни возила во 2020 година, емитувале повеќе  CO2 отколку што е декларирано. Ова го покажале тестирањата на патиштата. Тестирањето го нарачало угледното здружение Transport&Environment а тестирани се три најпопуларни  PHEV продавани во 2019 година: BMW X5, Volvo XC60 и Mitsubishi Outlander. Сите три модели се рекламираат како модели со ниски емисии, но во реалноста ниту еден модел не успеал да ги исполни декларираните ниски емисии. Како најдобар се покажал BMW X5, кој кај најблагиот тест ги надминал емисиите на CO2 за 28%, емитирајќи 41 g/km. На истиот тест XC60 и Outlander емитувале 115 g/km односно 86 g/km, што е 62% дo 89% во однос на службените WLTP вредности. Во режим на работа при празна батерија, кога автомобилот го погонува моторот со внатрешно согорување, автомобилите емитуваат до осум пати повисоки емисии отколку што тоа е огласено од страна на производителот. Емисиите кај XC60 и Outlander пораснале на 184 g/km односно 164 g/km, што е за 3.4 пати повеќе од службените вредности. Емисиите на BMW X5 биле уште повисоки, односно до 254 g/km, или осум пати повеќе од службено декларираните.

Лошите резултати се забележани на тестовите и кога моторот бил во употреба за да ја полни батеријата, што е режим на работа кој би можел да се користи во иднина кога возачите треба да ја наполнат батеријата пред влезот во зона со нулта емисии во градовите. При овој режим, емисиите на BMW X5 ја надминале службената граница за дури 12 пати, а XC60 и Outlander зa 3,4 односно 4,7 пати. Исто така, при тестовите на динамичко возење на електричен погон за BMW X5 и XC60 утврдено е дека не се испорачува потребната моќност на моторот.

Real-PHEV-CO2-emissions-final

NEDC vs WLTP_tcm-3060-1133035

Испрати коментар

Scroll To Top