Од Олимписките игри во Лондон поминаа само две години, а веќе дојде време ентериерот на еден од објектите, дело на Захa Хадид, да почувствува нова дизајнерска свежина.
Во сеопфатната адаптација на ентериерот на Aquatic Center во Лондон се започна првенствено заради тоа што објектот доби нова цел. Отстранета е сета опрема потребна за Олимпијадата, вклучувајќи ги привремените трибини и реквизити, и сега овој центар е наменет за секојдневна рекреација на жителите на главниот град на Велика Британија.
Во реновирањето на ентериерот учествувала компанијата DuPont, која со својот материјал Corian го извеле поголемиот дел од новиот мебел.
Corian е масивен, непорозен, хомоген површински материјал кој се состои од две третини од природни минерали, една третина акрилна смола и нетоксични пигменти и затоа е идеален за работни плочки во кујни и бањи.
Влезната врата е направена во Deep Nocturne боја која е постигната благодарение на иновативна технологија DeepColour.
Импресивниот објект на Заха Хадид има три базени поплочени со 180.000 плочки кои заедно примаат 10 милиони литри вода. Спектакуларниот брановиден покрив со должина од 160 и ширина од 80 метри и направен од 50% рециклиран алуминиум, се потпира на само три бетонски столбови.