Насловна / Вести / Нов систем за наводнување во Струмичко

Нов систем за наводнување во Струмичко

infra_2

  Земјоделците од струмичките села Куклиш, Градско Балдовци, Сачево и Свидовица ќе добијат нов систем за наводнување на површините засадени со градинарски култури, со кој ќе се реши долгогодишниот проблем со недостиг на доволни количества вода за полевање. Со проектот ќе се зафатат водите од акумулацијата „Маркова Река“ за наводнување на околу 400 хектари земјоделско земјиште. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на почетокот од март потпиша договор за изградба на системот за наводнување со градежната компанија „Жикол“ од Струмица. Зафатот е предвидено да се реализира во временски период од 21 месец. За овој инфраструктурен проект се одвоени финансиски средства во износ од 50.669.200 денари (околу 820 илјади евра) од државниот буџет.

Испрати коментар

Scroll To Top