Турското туристичко место Бодрум утрово повторно го погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер, пренесуваат турските медиуми. Засега нема информации за повредени и за материјална штета. Земјотресот е регистриран на длабочина од 15 километри југоисточно од Бодрум.
Во последните неколку дена чести се потресите во овој дел од Турција, а вчера во Бодрум беа почувствувани два земјотреси едноподруго со средна јачина.
На крајот на минатиот месец Турција и Грција беа зафатени од земјотрес со јачина од 6,7 степени, при што загинаа најмалку две лица на грчкиот остров Кос, каде и најсилно беше почувствуван потресот. Најмалку 450 луѓе беа повредени во крајбрежните градови на Турција и Грција.