Во Ленинградската област во Русија се планира изградба на извозен терминал за течен природен гас. Главни инвеститори се руската банка Gazprombank (во сопственост на компанијата Gazprom) и финската компанија Gasum. Проектот ќе чини вкупно околу 317 милиони евра, а треба да биде завршен до 2017 година. Терминалот ќе произведува и испорачува 660.000 тони ТПГ годишно, а крајното одредиште за овие количини гас се планира да биде во Шпанија, Португалија, Велика Британија, Јужна Америка и Индија. Конечната одлука за изградбата на терминалот ќе биде донесена ова лето, јавува рускиот портал ‘Oil and Gas Eurasia’.