Насловна / Вести / Нов робот на тркала на Hyundai

Нов робот на тркала на Hyundai

Јужнокорејската компанија Hyundai го претстави подвиижниот робот кој може да носи различни работи. Станува збор за роботот MobED, кој има четири тркала, долг е 67 и широк 60 cm, а неговите тркала се контролираат со помош на три мотори. Централната платформа може да се прилагодува на аголот на носење на товарот. За што точно е наменет овој робот е отворено прашање. Hyundai го нарекува подвижна платформа која сака да им ја продава на индустриските партнери, кои би го адаптирале за различни намени. Цената сеуште не е позната. MobED би можел да стане и персонален caddy, и самостојно да превезува пакети и купени намирници. Идните верзии би можеле да бидат доволно цврсти и моќни за да пренесуваат и луѓе (стари и немоќни лица). Максималната брзина изнесува 30km/h, а едно полнење на батеријата е доволно за четири часа работа. Како попрецизно навигира во просторот, засега не е познато. Од Hyundai не споменуваат сензори, камери и радари, како и софтвер за автономно движење. Hyundai не е единствен производител на автомобили кој влегува во оваа област, бидејќи и Toyota и Honda исто така инвестираат и развиваат машини кои еден ден би можеле да се користат во домовите за стари лица, или како персонални средства за движење. Самовозечката технологија напредува, а MobED е само уште еден пример за тој тренд.

robot1

robot2

robot3

Испрати коментар

Scroll To Top