Насловна / Вести / Нов револуционерен јавен транспорт – Хиперлуп

Нов револуционерен јавен транспорт – Хиперлуп

Во организација на Hardt Hyperloop, се одржа првото издание на самитот HyperSummit во Утрехт, Холандија, фокусирајќи се на итноста, истражувањето и соработката за реализација на европски хиперлуп.

Хиперлуп е ново одржливо превозно средство за голем број патници, со брзинa од 500-1000 km/h. Тоа е комбинација на постоечки технологии од повеќе индустрии обединети во нов концепт на мобилност. Возилата  ќе патуваат со висока фреквенција во систем од надземна и подземна мрежа од цевки, сегментирано или во низа (налик на воз).

8

Холандската компанија наречена Hardt Hyperloop објави дека компанијата наскоро ќе може да изгради ниско-енергетски, супер брз воз што може да ги однесе патниците од Париз до Амстердам за околу 90 минути, објави Lonely Planet. Таа е посветена да работи на урбана деконгестија, пренаселеност, подобар пристап до руралните области и сето тоа го вклучува човечкиот потенцијал.

Според истражувањето на компанијата, новиот воз би можел да биде реалност за многу патници веќе во 2028 година. Фокусот е ставен на пет главни рути кои потенцијално би можеле да го променат начинот на кој луѓето патуваат на дневна основа.

2

„Она што го прави толку уникатен е неговиот висок капацитет, малата употреба на енергија и големите брзини кои навистина значително го скратуваат времето на патување. Патувањето помеѓу Амстердам и Париз, на пример, ќе трае само 90 минути“, изјави претставник на Hardt Hyperloop за Lonely Planet.

Предложениот хиперлуп исто така ќе се движи од Амстердам до Франкфурт за 53 минути. Користејќи технологија напојувана од соларни панели, хиперлупот нема да произведува звук или емисии од околината и може да ја обезбеди потребната енергија за сопствено напојување. Тоа ќе биде првиот 100% електричен транспортен систем кој може безбедно да превезува голем број патници од град до град со невидени брзини и време на патување.

Бен ван Беркел, главен архитект и основач на UNStudio и UNSense ќе каже: „Хиперлупот не е само реална и остварлива алтернатива за летање, туку и ќе го револуционизира патувањето. Ќе обезбеди исклучително брзо време на патување со директни врски меѓу градовите, овозможувајќи сосема нови начини на работа и поминување на нашето слободно време, што пак ќе доведе до мноштво економски и еколошки придобивки.

Станицата е замислена како серија од компоненти коишто можат да се прилагодат на низа можни контексти: центар на градот, работ на градот или блиски до постоечки инфраструктурен центар, како што е аеродромот. Постоечките градови значат постоечки параметри, а UNStudio предвидува симбиотски однос со својата локална средина: интегрирано парче од урбан состав.

9

Модуларност и поврзување во сите размери

Посветеноста на поврзаната модуларност е во сржта на хиперлуп системот. Тоа е она што го прави системот, прилагодлив и флексибилен; може да ја прилагоди својата функционалност во реално време, според побарувачката во текот на денот. Самата траса ќе биде модуларна: составена и од супербрзинска мрежа и од повеќе регионални мрежи, кои ќе ги поврзат урбаните области и важните центри (како што се пристаништата и аеродромите) со ултра голема брзина.

Модуларниот систем на кој се базира дизајнот и и овозможува на станицата да се прилагоди на постојните услови, соединувајќи се во постоечката изградена структура. Исто така, нуди интеграција над и под земја, растечките модули нагоре за да одговорат на потребите на густината на градот и надолу за да се вклопат со подземната инфраструктура.

По влезот во станицата, брзината на хиперлуп возовите дозволува платформите да бидат закривени наместо ортогонални, со што се добива привлечна органска форма за да се ублажи геометријата на модулот. Секој модул може да има различна функција, од чисто прагматично пријавување на багажот или паркинг за велосипеди до дневен престој за деца или мали биофилни џебни паркови. На овој начин, модуларната стратегија овозможува функционалните елементи да се преклопуваат и меѓусебно да се поврзат, создавајќи простори за средба, истражување и игра. Компанијата верува дека ова би можело драстично да го промени начинот на кој луѓето го гледаат својот дом и работат.

Меѓуградското поврзување, исто така, може да влијае на воздушниот сообраќај нудејќи поенергетски ефикасен начин за движење низ континентална Европа. Со оглед на тоа што толку многу луѓе се одлучуваат да го откажат патувањето со авион во обид да бидат поеколошко свесни, возот може да биде одлично решение за луѓето кои сè уште сакаат да патуваат на подолги растојанија.

Иако оваа иновација е речиси една деценија од нас, таа секако поттикнува надежи за подобри патувачки искуства во иднина.

4

5

7

11

Испрати коментар

Scroll To Top