Lucky Cat ресторанот во сопственост на славниот шеф Гордон Ремзи, сместен во Мејфер, од ова лето е нов додаток на лондонската кулинарска сцена. Ресторанот нуди азиски инспирирани предјадења и суши, а ентериерот е дело на реномираното студио за дизајн AfroditiKrassa.
Ресторанот е декориран со темни тонови со цел да се поништи типичната естетика полна со бои која често може да се види на Instagram. „Се обидовме да работиме со бои и материјали кои се суптилни и класични“, вели Афродита Краса основачот на истоименото студио и додава: „Колку пати сте посетиле некое место кое на слика изгледало прекрасно, а ве разочарало во живо?“.
За да ја постигнат својата естетика студиото открива дека својата инспирација ја побарале во урбаното ткиво на Токио во 30-тите години од минатиот век. Поконкретно во јапонските „Киса“, кои во тој период биле подземни клубови кои нуделе добра храна, џез музика и одлични пијалоци и биле просперитетна институција. Lucky Cat ја рефлектира оваа енергична ера. Од студиото велат: „Тоа биле одважни, атмосферични и ноќни места, каде би оделе кога би сакалае да се опуштите и експериментирате“.
Се чувствува влијание на арт-деко, распоредот е направен така што обезбедува на секоја маса во ресторанот возбудлива перспектива. Просторот за готвење е сместен во срцето на ресторанот, им овозможува на гостите да изберат јадење од сезонското мени, додека уживаат во театарот, гледајќи тим од стручни готвачи како работат.
Главниот трпезариски простор е комплетиран со темни паркети и мастило црн плафон. Наоколу е декориран со црн бамбус и црни ленени паравани. Осветлувањето е ограничено на неколку реда сферични лампи и месингани ѕидни варијанти.
Покрај главниот трпезариски простор сместен е и Raw Bar, кој нуди луксузен амбиент за уживање исклучиво во суши и сашими. Гостите имаат можност да ангажираат и приватна трпезарија, понудени се три простори за настани и незаборавни прослави со ентериер кој има сенки на темно индиго, кожни столици и топло осветлување.
Во контекст со името на ресторанот, Lucky Cat, прикази и скулптури на мачки се наоѓаат во велиот простот.