Компанијата Tesla, и официјално е крунисана како прва компанија чиј електричен автомобил успева да премине растојание подолго од 1000 километри со само едно полнење на батеријата. Рекордот е постигнат во Италија, од страна на ентузијасти кои го возеле моделот S 100D на растојание од 1078 километри (670 милји).
Шампионите се пофалиле на твитер, а челникот на Tesla, веднаш им честитал. Но, со оглед на забрзаниот развој на перформансите на возилата на оваа компанија, нема сомневање дека и овој рекорд набрзо ќе биде соборен.
Претходно, најдолгата делница со едно полнење беше забележана во Белгија и изнесувала 901 киломатар (560 милји).