Легендарниот фудбалер Кристијано Роналдо влезе во нова книга на рекорди, со 501 милион следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. По неговата вирална кампања со брендот Louis Vuitton, која ја направи во соработка со неговиот колега Лео Меси, Роналдо стана првиот човек во светот кој достигна толкав број следбеници.
На виралната фотографија која му помогна да го постигне овој култен статус, двајцата фудбалери играат шах врз ковчезите на Louis Vuitton. Објавата на профилот на Роналдо доби околу 38 милиони лајкови, а 29 милиони лајкови на профилот на Лео Меси.
Кога станува збор за бројот на следбеници, Меси не заостанува многу зад својот колега. Тој има над 376 милиони фанови на Инстаграм, тие се единствените двајца спортисти на топ 10 листата на најследени луѓе на Инстаграм.
Коментирајќи го својот неверојатен подвиг, Роналдо изјави: „Мојот живот, мојата кариера, моите мисли, секогаш се споделуваат со вас. Вие сте дел од мојата приказна и постигнавме многу заедно. Повеќе отколку што можев да сонувам. Во секој пост, во секој момент, можам да сметам на вашата поддршка. Ви благодарам!”
Неколку славни личности побрзаа да му честитаат на Роналдо за неговото ново достигнување, меѓу кои и Пирс Морган, водителот на кој Роналдо му даде многу контроверзно интервју пред само неколку дена.