Во простор од објектот на АД „Цементарница Усје“ ќе се отвори нов Противпожарен дом.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и генералниот директор на АД “Цементарница Усје”, Борис Хрисафов, го формализираа договорот за искористување на простор од објектот на оваа компанија за отворање на нов противпожарен дом во Кисела Вода.
“Ова е еден голем проект кој ќе донесе голема корист на жителите на општина Кисела Вода, па и пошироко. Ова, пред се ќе значи можност за побрза реакција при несаканите настани, бидејќи, за жал во минатото често се случуваше и покрај силната желба да се помогне, големата оддалеченост да го стори своето, па објектот целосно да изгори, а неретко да има дури и човечки жртви, додека да пристигне екипата од Противпожарната бригада во Драчево. Истата е во близина и на Сопиште, со што освен жителите на Кисела Вода, бенефит ќе имаат жителите на уште една општина“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.