Познатото архитектонско студио SANAA победи на конкурсот за идејно решение за музејот на модерна уметност Shiga во Јапонија. Станува збор за надоградба на постоечки објект кој зафаќа вкупна површина од 6.500 метри квадратни. Проектот, исто така, вклучува реновирање на постоечкиот објект и задржување на околниот парк. Предлогот на SANAA вклучува стаклена фасада со цел да се овозможат погледи кон околното езеро.