Проектантското биро Zaha Hadid Architects го заврши објектот на истражувачкиот кампус на непрофитната институција KAPSARC во Ријад, Саудиска Арабија.
Комплексот има 70.000 м2 и е составен од пет објекти: Центар за енергетски знаења, Енергетски компјутерски центар, Конференциски центар со изложбена сала и аудиториум со 300 места, Истражувачка библиотека со архива за 100.000 документи и Мусала, инспиративно место за молитва во кампусот.
Петте елементи од комплексот се обединети во една целина.
Примарната стратегија за организирање на дизајнот е клеточен, делумно модуларен систем кој ги интегрира одделните згради како единствен ансамбл со меѓусебно поврзување на јавните простори. Шестоаголни призматични саќе структури користат најмалку материјал за да создададат решетки од клетки во даден волумен.
Зградите во кампусот формираат голем централен јавен двор, засенчен со закосувања на објектите, поддржани од шума од челични столбови. Преставувајќи солидна, заштитана школка на суровата светлина од југ, кампусот KAPSARC се отвора кон север и запад. Во секоја од зградите во рамките на кампусот се влегува низ овој централен јавен двор, кој исто така служи како простор за состаноци и врски помеѓу зградите во текот на посвежите годишни времиња.
Ова е првиот проект на ZHA на кој ќе му биде доделен LEED Platinum сертификат од US Green Building Council.
Центарот е проектиран како одговор на околината на платото во Ријад, како би се намалила потрошувачката на енергија и ресурси.