Новиот Range Rover Velar стигнува како луксузен електричен SUV, и ќе биде првиот од неколкуте електрични Land Rover модели кои ќе се произведуваат на обновената производна линија на компанијата во Хејвуд, по што следуваат и електричните наследници за Range Rover Evoque и Land Rover Discovery Sport. Работите на адаптација на фабриката за производство на електрични автомобили, започнуваат веќе следната година, а се очекува електричниот Velar да влезе во производство пред 2025 година. Денешниот Velar е тесно поврзан со Jaguar F-Pace . Но, неговиот наследник освен што ќе се произведува на нова локација, ќе ја замени и познатата архитектура D7 за целосно нова платформа под името EMA.
Прв пат направена во 2021 година, оваа нова платформа замислена да ги прифати помалите Land Rover модели, била способна да ги опслужи хибридните погонски агрегати покрај целосно електричните системи, но сега е потврдено дека наследниците за моделите Velar, Evoque и Discovery Sport, ќе бидат исклучиво електрични.
Новиот Velar ќе биде пресвртница во еволуцијата на брендот Range Rover. Како дел од темелното преиспитување на компанијата, JLR ќе ги подели своите линии на производи во четири основни групи – Jaguar, Defender, Discovery и Range Rover – во обид да го нагласи нивното различно позиционирање и да негува посилно чувство на поврзаност помеѓу врвните водечки модели и почетните модели. Во таа насока, електричниот Velar без сомнение ќе го превземе очигледниот стил и техничката инспирација на Range Rover, но ќе биде помал и подостапен во однос на цената.