Инженерите од Washington State University (WSU) најдоа нов начин за рециклирање на пластиката за добивање на корисно авионско гориво на база на јаглеводороди. Истражувачите примениле специфичен каталитички процес за да го трансформираат јаглеродот од пластичните полимери во структурата на јаглеводородите со карактеристики кои одговараат на гориво за авиони.
Во свет во кој побарувачката на горива постојано расте, а количината на отпад се зголемува, ова е секако многу вреден пронајдок. Иако методите што се развиени за оваа постапка на рециклирање сè уште се во зародиш, потенцијалот за комерцијализација е огромен.