Насловна / Архитектура / Нов пристап во планирањето на индивидуалното домување

Нов пристап во планирањето на индивидуалното домување

Објектот е лоциран во периферен дел на градот Куманово. Поставеноста на објектот во парцелата е резултат на изработен детален урбанистички план со конкретна маркица. Базирајќи се на урбанистичките услови кои произлегуваат од деталниот план, е направено решение кое ги сублимира барањата на инвеститорот, од една страна, и се придржува на урбанистичките параметри и правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, од друга страна, како предуслов за градење.A C

Објектот е замислен како индивидуална станбена куќа за потребите на петчлено семејство. Барање на инвеститорот беше куќата да се состои само од приземен дел, но

по направените консулатации и просторни анализи за тоа како ќе изгледа идната куќа, дојдовме до решение во кое поголемиот дел од просториите на објектот се простираат во призмниот дел, додека само дел од ноќните простории се планирани на катот.bty

Основата на објектот наликува на буквата Г, од која едниот крак е планиран за дневните простории како кујна, трпезарија и дневен престој, додека во другиот крак се распоредени ноќните простории – спални соби (вкупно 3) како и помошните простории, бања и технички простор.SITUACIONI

Местото на поврзување на двата краци е планирано за влезниот простор – вертобранот. Поголем акцент е даден на дневниот престој кој е отворен спрема трпезаријата и кујната. Планираните големи отвори – прозорци по целата куќа овозможуват дел од приодата во партерот да навлегува во внатрешноста на просториите.

Нивото на приземјето од партерот е +30 см, со што се овозможува директен пристап од куќата во партерот. Партерот, освен планираното ниско и високо зеленило, се збогатува и со планираниот отворен базен кој ќе им служи на идните станари.IZGLED

Со помош на вертикалните комуникации – скали се пристапува во ходникот на првиот кат, каде се распоредени две спални соби, бања и тераса која ја опфаќа поголемиот дел од површината на катот и е планирано да се изведе како зелена тераса.

Куќата, како во основа така и во надворешниот изглед, претставува нов пристап во планирањето на индивидуалното домување.

UEB - SMALL

ТИП НА ОБЈЕКТ:  ИНДИВИДУАЛНА СТАНБЕНА КУЌА / П+1

ЛОКАЦИЈА: КУМАНОВО/ РМ

ИНВЕСТИТОР: семејство ЗЕНДЕЛИ

ПРОЕКТАНТ: UEB architects

ИЗВЕДБА: во тек

СТРУКТУРА: АРМИРАНО-БЕТОНСКА КОНСТРУКЦИЈА

ПОВРШИНА НА ЛОКАЦИЈА: 525 м2

ИЗГРАДЕНА ПОВРШИНА: 220 м2

 

Подготвиле:

UEB architects team:

Урим Латифи, архитект

Елвис Муслији, архитект

Буњамин Адеми, архитект

Испрати коментар

Scroll To Top