Насловна / Архитектура / Нов природен архитектонски манифест во Париз

Нов природен архитектонски манифест во Париз

Француско-бразилското студио Триптик Архитектура и Филип Старк дизајнираа нов комплекс со мешана намена лоциран на булеварот Пастер, во париската населба Монпарнас. Вила М вклучува хотел , работен простор и здравствен центар и има за цел да создаде нов пакт помеѓу градовите, природата и здравјето.

Со цел интегрирање на градот, природата и здравјето, проектот е манифест на природата.. Неговата архитектура се издвојува по вегетативната фасада, која е составена од греди од метална конструкција, наменета за сместување на лековити растенија, овошни дрвја и средни до големи повеќегодишни видови.

1

Триптик Архитектура и Филип Старк ја дизајнираа Вилата М како чесно и топло место, каде што животот е убав. Човечкото битие е срцето на проектот и мора да се чувствува како дома, во мирни и пријатни простори за живеење. „Вила М е модел за замислување идниот концепт на градот. Тоа е новата париска зграда“ вели Гијом Сибо од  Триптик Архитектура.

Вегетацијата на фасадата ги подобрува и климатските услови на објектот и неговата енергетска ефикасност. Нуди регулација на температурите и намалување на директниот сончев влез во внатрешноста.

3

Низ ресторанот и барот, плодните изненадувања, скриените точки и умствените игри будат љубопитност и го водат погледот на посетителите, потсетувајќи ги дека интелигенцијата е еден од најубавите симптоми на човештвото.

Дизајнирана како егзоскелет, зградата има минималистички и лесен изглед, составена од префабрикувани делови вклопени во конструктивен сет.

5

6

„Не можевме да замислиме зграда посветена на здравјето и взаемноста без да го вклучиме моментот на гостопримство. Поради тоа се потрудивме концептот на вила М целосно да одговори на барањата на нејзините корисници и да им понуди поинакво искуство. Атмосфера во која ќе се почувствуваат одново и одново добредојдени. ”

8

9

11

Испрати коментар

Scroll To Top