Насловна / Вести / Нов почеток за мајка и три ќерки во стан во Њујорк

Нов почеток за мајка и три ќерки во стан во Њујорк

Нова фаза од животот, за мајка и три ќерки, започнала со реновирање на семејниот стан во елитниот дел на Њујорк. Трансформацијата на ентериерот, преку отворање и поврзување на просторот обоен во топли тонови, од стан во предвоена зграда создала хармоничен модерен дом.

1

Во близина на Централ Парк во Њујорк, во зграда од 1938 година, се наоѓа овој стан со површина од 130 метри квадратни. Неговото комплетно реновирање било предводено од бирото antonio matrēs design кое има свои канцеларии во Њујорк и Мадрид.

Покрај тоа што станот изискувал технички напор, ова било и емотивно предизвикувачки проект, во кој требало да се создаде хармоничен амбиент за нов почеток на семејството кое изгубило свој член, удобен и топол дом кој ќе претставува безбедна средина за нивните ќерки.

6

Пристапот на архитектите подразбирал зачувување на она што било добро во стариот стан, како што се стабилната конструкција, функционалноста на просторот и карактеристичните детали.

Првиот чекор бил да се отвори и поврзе просторот во дневна зона со отворен план, влезот ги носи гостите во флуидно поврзана кујна, дневна и трпезарија. Меките тонови ги носат станарите низ секоја соба, ѕидовите текстурирани со меки топли бои внесуваат смиреност во просторот, формираат посебни спални соби, кои на сите ќе им ја обезбедат потребната приватност.

Актуелните обли линии во опремањето на ентериерот испратени се со креативна геометрија на претопување круг и квадрат и на дизајнерскиот килим PLY Yellow во дневната соба.

5

Од рачно изработени свеќници и ѕидна уметности, до трпезариски столчиња дизајнирани и изработени од интерен тим на antonio matrēs design, и до организација на плакарите прилагодена на работите и начинот на живот, не постои граница во овозможените трансформациски квалитети.

Целиот ентериер изобилува со топли, светли тонови, меки форми и текстури, создавајќи атмосфера на мирен, пријатен дом.

2 4 3

Испрати коментар

Scroll To Top