Европските власти размислуваат за планови за изградба на нов гасовод кој ќе ги поврзува Приринејсиот полуостров и централна Европа, заобиколувајќи ја Франција. Ова неодамна го изјавил португалскиот премиер Антонио Коста. Тој рекол дека Европската комисија смета дека е можно да се изгради алтернативен гасен пат помеѓу централна Европа и Приринејскиот полуостров. Првобитниот план, со кој гасната рута требало да минува низ Франција, пропаднал поради загриженост на француслката влада од аспект на заштитата на животната средина, па затоа новата алтернатива ќе ги поврзе Шпанија и Потругалија со Италија заобиколувајќи ја Франција преку Средоземното море.