Жителите на улицата „Христо Батанџиев“ добија нов паркинг простор со капацитет за 35 возила.
Паркиралиштето е на површина од 1.100 метри квадратни.
За комплетно уредување на овој паркинг простор, општината од својот буџет одвои околу еден милион денари.
„Овој простор навистина урбано се уреди и не само што поставивме павер елементи, туку и целосно ја средивме подземната инфраструктура. Се направи канализација, реновирање на водоводната мрежа, се поставија и околу 11 шахти, така што целосната подземна инфраструктура сега е за долгорочна употреба, стабилизирана е и граѓаните ги немаат веќе проблемите што ги имаа во минатото“, истакна градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски.