Насловна / Архитектура / Нов парк во центарот на Москва

Нов парк во центарот на Москва

MOsskva nov park vo centarotПејзажно – архитектонската концепција на паркот „Зарјадје“, во строгиот центар на Москва, кој ќе се појави на местото од урнатиот хотел „Русија“ ќе ја разработува меѓународниот архитектонски конзорциум предводен од американското биро Diller Scofidio + Renfro. Ова биро е познато како автор на њујоршкиот парк High Line. Освен тоа неговите соработници учествуваа во создавањето на Олимпискиот парк во Лондон.

MOskva park1Конзорциумот предводен од Diller Scofidio + Renfro го зазеде првото место на меѓународниот архитектонски конкурс, распишан од градот Москва  во април годинава. На конкурсот се јавија 90 конзорциуми со свои проекти, во кои влегоа 420 компании од цел свет.

Победничката пејзажно-аритектонска концепција предвидува паркот „Зарјадје“ да се подели на четири пејзажни зони – тундра, степа, шума и мочуриште, кои ќе се спуштаат терасесто од највисоката точка, на североисток на паркот, кон реката Москва на југозапад.

Утре во Москва, во музејот на архитектурата „Шусев“ ќе се отвори изложба, „Отворен град. Нова политика на градење во Москва“, на која ќе бидат прикажани концепциите за паркот на сите шест финалисти.

Испрати коментар

Scroll To Top