Со почетокот на новата школска година, во населбата Драчево беше отворен новиот објект на основното училиште „Рајко Жинзифов“, изграден со средства од Владата на Народна Република Кина. Лентата ја пресекоа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и кинескиот амбасадор во Македонија Вен Џеншун.
Новиот објект ги замени бараките изградени во 1964 година и наставата за учениците од „Рајко Жинзифов“ ќе се одвива во современи услови.