Насловна / Архитектура / Нов објект на НАСА во чест на 60 годишнината

Нов објект на НАСА во чест на 60 годишнината

Компанијата TEN Arquitectos, објави слики од нивниот предлог за новиот објект на НАСА во Glenn Research Center во Кливленд, Охајо.  Обележувајќи ја 60 годишнината од формирањето на вселенската агенција, истражувачкиот центар ќе служи како „нов и современ јавен простор кој ќе ги вдоми најпроминентните иновации кои се однесуваат на астронаутиката и вселенските истражувања.“

Со значителна површина посветена на „зелени“ простори, објектот прави синергија помеѓу надворешноста и внатрешноста и овозможува видик од 270 степени. Идејата е центарот да добие LEED silver акредитација, а изградбата се очекува да започне веќе следниот месец. Комплетното завршување на објектот е планирано за 2020 година.

NASA1

NASA2

NASA3

2009_01203.jpg New Spring shots of the NASA Glenn Research Cente

Испрати коментар

Scroll To Top