Водечките компании оператори во поморскиот сообраќај, производители на мотори и пратечка технологија, како и нафтени компании се здружиле со цел поддршка на транзицијата на поморскиот сообраќај и индустриите поврзани со тој сектор, кон нискојаглеродна иднина. Вкупно се вклучени 13 компании меѓу кои ABB Engineering (Shanghai) Ltd, Lloyd’s Register EMEA, Ricardo UK, Royal Caribbean Cruises и Total Marine Fuels.
Целта на новото здружение кое е поддржано и од УНДП и од Меѓународната поморска организација (IMO), е да ги поддржат земјите во развој во спроведувањето на мерки на енергетска ефикасност во бродарството. Ќе се идентификуваат и ќе се развијат иновативни решенија за бариерите кон примената на енергетски ефикасни технологии и оперативни мерки. Во фокусот се следните приоритетни подрачја: енергетски ефикасни производи, алтернативни горива и дигитализација.