Пропадна и вториот обид на NASA за лансирање на ракетата SLS (Space Launch System). Лансирањето е прекинатот поради истекување на водород. Новиот датум е 27-ми септември, но се размислува и за 2-ри октомври како опција. Кога SLS конечно ќе полета, ќе ја испрати капсулата Orion без екипаж на пат околу Месечината. Враќањето на капсулата на Земјата ќе го означи успешниот прв чекор на програмата Artemis на NASA, чија цел е враќање на луѓето на месечината, но и патувања со екипаж на Марс.
Ракетата SLS во моментот се наоѓа на лансирната рампа 39B во вселенскиот центар на NASA, Kennedy на Флорида, но наскоро би можела да се врати во објектот Vehicle Assembly Building (VAB) на полнење на системот за прекин на летот. Но, постои уште еден проблем, а тоа е фактот дека SpaceX планира лансирање на мисијата Crew-5 со екипаж за Меѓународната вселенска станица. NASA соопшти дека тимовите соработуваат и дека термините за лансирање ќе се усогласат во наредните недели. SpaceX и NASA соработуваат и на мисијата Artemis III во која ќе се користи ракетата Starship на компанијата SpaceX з аиспраќање на луѓе на Месечината, за прв пат после мисијата Apollo 17 од 1972 година.