Повеќе од една деценија, музејот Филд во Чикаго работеше со перуанската Влада на создавање голем национален парк во Амазонија, благодарение на кој ресурсите и живиот свет од прашумата ќе бидат заштитени од експлоатација и истребување. Голем дел од планинската верига Сиера дел Дивизор во Перу, неодамна доби статус на национален парк.
Степенот на биодиверзитет во оваа област веројатно никогаш нема да биде познат, но научниците од музејот Филд само во последните 15 години пронајдоа 20 видови досега невидени билки и животни.
„Ова не е дело на едно лице, ова е последица на здружена работа на неколку десетици организации во изминатите десет години, така што плановите во врска со зачувувањето на природата сега се спроведуваат во дело“, изјави Корин Врисендорп, еколог на музејот и директор на програмата Анди-Амазонија.