Насловна / Архитектура / Нов Музеј на транспортот во Будимпешта

Нов Музеј на транспортот во Будимпешта

Пред две години, унгарската влада одлучи да го пренесе Музејот за технологија и транспорт од стара зграда во близина на градскиот парк на сосема нова локација. Тоа е областа на Кебања, стара индустриска зона која жителите на Будимпешта наскоро ќе почнат да ја користат како седиште на големи јавни простори. Музејот на транспортот по дизајн на студиото Diller Scofidio + Renfro ќе биде една од централните згради во оваа област.

a

Планот на музејот е поделен на повеќе нивоа и целини, а акцентот е ставен на голем отворен простор во кој ќе биде на располагање голема отворено галерија, зони наменети за спорт и забава, кафуле, игралиште и простор кој ќе се користи од страна на членовите на локалната месна заедници. Големите експонати, како цела возна композиција ќе зазема добар дел од влезниот хол, а ќе игра улога и на параван меѓу лобито и затворениот дел од музејот.

d

Интересно е тоа што некои од старите локомотиви и автобуси (кои претходно сообраќале низ Будимпешта) ќе бидат подигнати на проѕирна платформа во музејот за гостите да можат да ги видат од сите агли.

b

Посебни галерии, како и простории за разни образовни работилници и кафе-музеи ќе се најдат во „лебдечки кутии“ над горното ниво. Уште еден интересен детал на овој проект лежи во начинот на кој новата Галериска сала се поврзува со историската сала Дизел, која е изградена во периодот од 1958 до 1962 и се состои од девет паралелни сектори долги 110 метри. Во иднина во нив ќе се складираат големи експонати како вагони, трамваи, автобуси. Музејот на транспортот со ова станува дел од новата уметничка област на градот наречена Liget Budapest, во која ќе се најдат неколку музеи меѓу кои Домот на унгарската музика кој е потпишан од страна на познатиот јапонски архитект Sou Fujimoto. Будимпешта наскоро ќе добие и нов етнографски музеј со рампа со скејтборд во градскиот парк. Дека главниот град на Унгарија е големо градилиште говорат и податоците дека Будимпешта копа канал на Дунав за да се создаде нов полуостров, но ќе се прави и нов мост преку Дунав.

c

e

 

Испрати коментар

Scroll To Top