Насловна / Архитектура / Новиот музеј „Гугенхајм“ во Хелсинки: место кое ќе ги обедини љубителите на архитектурата и уметноста

Новиот музеј „Гугенхајм“ во Хелсинки: место кое ќе ги обедини љубителите на архитектурата и уметноста

музе_-10

Во 1991 година беше одржан еден од најважните настани во архитектурата, односно беше објавен конкурс за изградба на музејот „Гугенхајм“ во Билбао, а победата ја понесе познатиот архитект Френк Гери. Настанот беше одржан во организација на фондацијата Соломон Р. Гугенхајм. Оваа година фондацијата реши да го повтори конкурсот, меѓутоа со нова локација – Хелсинки. музе_-6

Значењето на овој објект, го потврдува фактот што на конкурсот пристигнале 1.751 проект. Стручното жири формирано од 11 членови, меѓу кои Jeanne Gang, еден од ко-основачите на архитектонското студио „Gang“, и Yoshiharu Tsukamoto од студиото „Bow-Wow“, одлучиле дека најсоодветно решение за хелсиншката околина е решението на архитектонското студио „Moreau Kusunoki Architects“.музе_-4

Нивниот проект наречен „Art in the City“ се базира на едноставност и сензитивност, а самиот дизајн на објектот е исполнет со чувство на заедништво и анимација, што одговара на карактеристиките и амбициите на финското население. Дизајнот на музејот ја почитува околината и околниот амбиент, создавајќи фрагментиран и нехиерархиски кампус на поврзани павилјони, каде што уметноста и општеството може да се поврзат и да функционираат заедно.

музе_-1

Дизајнот на одреден начин ги повикува посетителите да се во интеракција со уметничките дела. Програмата е распределена во павилјоните и плоштадот организирани околу внатрешната улица. Деветте ниски волумени и светлечката кула се „облечени“ во локални извори на јагленисано дрво и стакло, и тие се поврзани со околниот опсерваторски парк и новиот пешачки мост. Конекцијата помеѓу павилјоните е добро обмислена со цел да овозможи континуирано искуство при разгледувањето на уметничките дела, и секој од нив е ориентиран со одредена почит кон градската мрежа и светлечката кула.музе_-7

Победничкиот проект, којшто беше награден со 100 илјади евра, свечено беше претставен пред пошироката јавност во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк на 1 јули. Исто така, фондацијата Соломон Р. Гугенхајм објави дека ќе ги финансира колекцијата на музејот, неговата програма, публикација и идеи заедно со останатите „Гугенхајм“ музеи низ светот.музе_-5

Главните проектанти на музејот изјавија дека архитектурата мора да понуди одредена емоција, односно да донесе поезија во самото општество. Тие сметаат дека со ваквата павилјонска структура придонесуваат за поставување на нов вид архтиектура која може да има нова улога во градот. Самиот музеј треба да претставува безвременска структура која ќе воспостави одредена врска помеѓу минатото и објектите што ќе се градат во иднина, истовремено создавајќи чувство на интимност. Тоа е место кое ќе ги обедини љубителите на архитектурата и уметноста и воедно ќе го создаде музејот на иднината.музе_-9 музе_-2 музе_-3

Испрати коментар

Scroll To Top