Насловна / Вести / Нов мост во Турција – еден од најголемите мегапроекти

Нов мост во Турција – еден од најголемите мегапроекти

Nov most vo Turcija Sultan selim mram. more
Турскиот  претседател Реџеп Таип Ердоган, во четвртокот во сообраќај пуштил еден од своите мегапроекти, мостот на северозападот на земјата, најголемото градилиште кое некогаш било отворено во Турција.

Мостот е наречен Осман Гази, по името на султанот Осман Први, кој своето име ѝ го дал на османската династија од XIV век. Се наоѓа на Мраморно Море и тоа е еден од најголемите висечки мостови во светот. Долг е три километри и ја претставува главната делница на автопатот Гебзе-Орхнгази-Измир, долг 433 километри.

KÖRFEZ'İN İKİ YAKASINI BİRLEŞTİREN TARİHİ TÖREN... CUMHURBAŞKANI RECEP TAYYİP ERDOĞAN VE BAŞBAKAN AHMET DAVUTOĞLU, DÜNYANIN EN BÜYÜK 4.KÖPRÜSÜNDE SON TABLİYEYİ YERLEŞTİRDİ

„Требало да биде изграден пред 50 години, но сега конечно го завршивме“, рекол претседателот на свеченото отворање. Опозицијата и заштитниците на животната средина често ги критикуваат проектите на Ердоган кои ја преобликувале Турција, посебно Истанбул. Тоа е случај и со третиот меѓународен аеродром кој се гради на северозападот на Истанбул, поради кој биле уништени шуми, а ќе може да прими 150 милиони патници годишно. Би требало да биде завршен до 2017 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top