Насловна / Вести / Нов мост во општина Илинден

Нов мост во општина Илинден

kadino

Општина Илинден почна со изградба на нов бетонски мост на улица „6“ во Кадино на местото на постоечкиот стар, дотраен и руиниран мост што го попречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постоечкиот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот.
Новиот мост ќе биде со должина од осум метри и широчина од осум метри, од кои шест метри ќе бидат коловозна површина, а по еден метар од двете страни ќе биде тротоар.
– Со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за подобрување на протокот на атмосферските води на постоечкиот канал и ќе се подобри комуникацијата меѓу населеното место Кадино со локалниот пат Кадино – Миладиновци. Новиот мост ќе обезбеди поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, посебно за пешаците кои во голем број секојдневно минуваат по овој мост, велат од општина Илинден.
Во текот на денешниот ден се работи на дислоцирање на водоводна цевка за питка вода и на алтернативно решение за проодност на овој дел од патот за да нема застој во сообраќајот.

Испрати коментар

Scroll To Top