Неодамна, скопската општина Чаир се закити со прекрасен архитектонски бисер. Станува збор за реновирање на куќа која е сместена во историско јадро на градот Скопје, помеѓу Старата чаршија и скопската тврдина. Интервенцијата што беше направена на постоечката куќа е дело на проектантското трио: архитектите Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Амине Адеми, додека за конструктивниот дел беа задолжени градежните инженери Денис Поповски и Миле Партиков.
Проектот беше изработен во 2014 година, а завршниот лик куќата го доби оваа година. Таа е една од четирите куќи во низа, што се наоѓаат во интензивен урбан контекст. Датира од 60-тите години на минатиот век, со скромен и јасен модернистички изглед, но не издржала под забот на времето па била нужна нејзина итна обнова.
Гледано однадвор, доминираат првобитните волумени. Архитектите својот проектантски пристап го акцентираат кон функционалноста, така што прават мали измени во однос на програмските содржини во куќата, задржувајќи ја првобитната логика на комуникациите и просториите, но приспособени кон современиот начин на живеење.
Па така, сутеренот што претходно се користел само за складирање, сега добива сосем нова функција, станувајќи активна алка од дневниот престој, каде е сместена голема дневна соба и трпезарија со кујна која завршува во директен контакт со дворот.
На приземјето повторно е ставен акцент на дневниот престој, но овој пат со поголема отвореност, додека првиот кат ја презема улогата на ноќниот мир каде се сместени спалните соби. Новата главна спална соба е сместена на вториот, односно најгорниот кат, добивајќи привилегија на пристап кон две големи тераси кои нудат панорамски поглед кон Старата чаршија и градскиот пејзаж на Скопје.
Како што објаснуваат проектантите, најкомплицираниот предизвик од интервенцијата претставувал статичкиот аспект, бидејќи постоечките куќи во низата биле изведени сите четири наеднаш, со заеднички конструктивен систем. Сепак, со внимателно избрани методи, успешно ја реанимираат куќата без оштетувања на соседните објекти. Структурната логика е сочувана, иако се направени статички засилувања на носечките елементи, како што се главните столбови, ѕидовите и сите меѓукатни плочи.
Покрај тоа, додадена е челична конструкција за да ја поткрепи екстензијата на задната страна на куќата и на покривот. Сите отвори беа ревидирани и додадени нови, со цел да донесат уште повеќе количество на дневна светлина во просторот. Бидејќи интервенцијата е многу очигледна и доминантна, архитектите решаваат да ја обложат со нов слој на полутранспарентна фасада. casino online cair (13)” src=”https://www.porta3.mk/wp-content/uploads/2015/11/modernisticka-kuka-vo-cair-13.jpg” width=”620″ height=”413″ />
Првобитните волумени се обединети во нова полупропустлива обвивка изработена од композитни штици (дрво 70% и смола 30%) поставени на челична потконструкција. Со тоа, хетерогените елементи од кои е сочинет објектот се обединуваат во една целина.
Визуелно создаваат ново ниво на интерпретација и контрола на микроклимата, а со почит оставена е видлива постоечката архитектонска синтакса на стариот објект. Рустичноста на фасадата, покрај естетската интерпретација, овозможува и директна поврзаност со историските градителски обрасци присутни во непосредна близина.
Фотографии: Андријана Тилиќ, дипл.инж.арх.
причины образования камней в почках – симптомы вагинита, синусовая аритмия
купить прицеп в ижевске – алюминиевые катера, купить легковой прицеп
dig this https://zigzag-casino.pl/
click here for more info carders forum
Не сум експерт од областа, но не ми се допаѓа тенденцијата во градов да се кријат и покриваат објектите со бруталистички стил. Сметам дека тој стил е едно од позначајните обележја на град Скопје и ова го гледам како обид за бришење на историјата (знаеме дека Скопје е град на солидарноста зошто бил реизграден после земјотресот кој се случил токму во периодот кога се граделе згради во ваков стил, и сметам дека треба да сме горди на нив).
Исто така, секаде низ европа зградите кои се постари од 50тина години се заштитени, а во некои земји тоа се градби без особено архитектонско значење. Тоа значи дека фасадите не смеат да се менуваат, но внатрешноста може. Во нашиот град заштитени се многу малку згради за кои многу малку или воопшто не се води грижа.