Истражувачите од Одделот за инженерство на животната средина на Универзитетот Принстон, открија дека соединението хидроксиапатит, кое може да се најде во коските и забите, може да се искористи за заштита на мермерот кој е подложен на пукнатини и други оштетувања како резултат на загадениот воздух и временските услови.
„Промените во надворешната температура предизвикуваат пукнатини кои под дејство на загадувањето и врнежите се прошируваат. Но, откривме дека мермерот природно реагира со воден раствор на фосфатни соли креирајќи хидроксиапатит, со што се исполнуваат и санираат пукнатините“, вели Енрико Сасони кој е раководител на проектот.
Оваа супстанца е нетоксична, лесно се нанесува, не ја менува бојата на мермерот а ефектот е видлив по 24 часа од аплицирањето. Во соработка со реставраторите, овој метод се очекува прелиминарно да се тестира кај скулптурите во Версај.
Извор: Arch Daily