Москва, Делхи и Техеран, во текот ан овој месец ќе разговараат за старт на меѓународниот транспортен коридор „Север-југ“. Новиот пат ќе минува и по копно и по море. Стоката ќе се транспортира од Индија во иранскиот град Бендер Абас на брегот на Персискиот залив, потоа во Бендер Ензел на брегот на Каспиското море, од каде ќе продолжи за Астрахан, а потоа со железница кон Европа, пренесува „Спутник“.
Се тврди дека овој коридор ќе биде поефтин од Суецкиот канал и ќе стане солидна алтернатива, бидејќи цените на транспортот би се намалиле за околу 30-40%. На пример, ако се спореди со Суецкиот канал, стоката од Мумбаи во Москва, преку коридорот „Север-југ“, ќе стигнува за 20 дена побрзо.