Со чаша убаво вино или омилен шампањ, сега е можно да се ужива во неодамна отворениот Caffe/Food & Wine Bar „Под Ѕидот“.
Пред две недели оваа шармантна локација во строгиот центар на Загреб, ги отвори своите врати и го привлече вниманието со квалитетно обмислениот ентериер и одличен избор на вино, коктели и пијалаци. Како што велат познавачите, гастро понудата е изедначена со квалитетот и уникатноста на ентериерот и севкупниот концепт, кој бил замислен од страна на сопственикот Борна Јанес. За дизајнот на ентериерот била ангажирана „Снешка Папилон“ која го дизајнирала урбаниот простор во кој доминира индустрискиот дизајн.
Во просторот ништо не е оставено на случајноста, секој детаљ е внимателно избран; од минијатурни репродукции на амфори, во кои келнерот ќе ви ја стави сметката, до оригинално направениот таван обложен со стари весници.