Пензионери кои шетаат по улиците со рацете зад половината и се собираат на местата на кои се изведуваат градежни работи, е сцена која сите ние сме ја виделе. Но, во Италија, поточно во Болоња ова добило такви размери, што ваквата група на луѓе и службено е наречена Umarell (мал човек). Пензионерите најчесто во групи се собираат околу местата каде се изведуваат работи, па коментираат, критикуваат, им даваат на работниците совети кои никој не им ги бара и сл.
За нив пишувал и италијанскиот писател Danilo Masotti пред околу 15-тина години, но од декември 2020 година го добиваат и споменатото службено име. Местото Riccione дури обезбедило и фонд за исплата на надоместоци на пензионерите кои ги надгледувале работите со цел се да се одвива според планот.
Без оглед дали станува збор за броење на камиони или за чување на локациите од вандали, овие луѓе успеале од пензионерското безделничење да развијат ангажман и да станат културолошки феномен. Покренато е и доделување на награда „Umarell на годината“, а во продавниците за сувенири можат да се најдат фигурички на пензионери кои набљудуваат и ја следат работата. Воведена е и апликација која ги означува сите подрачја во кои се одвиваат некакви изведбени работи и наречена е Umarell. Една компанија дури поставила и прозорци низ оградата на градилиштето заради подобра проверка од страна на пензионерите за тоа како течат работите.