Градежните работници почнаа да ги уриваат бараките на Бирото за судски вештачења во Скопје, коешто се наоѓа на улицата „Јордан Мијалков“. На тој начин, започнаа подготовките за изградба на новиот кружен тек во центарот на Скопје.
Овој кружен тек ќе се протега од семафорите на надвозникот во Црниче кај „Симпо“, на крстосницата меѓу „Павел Шатев“ и улицата „Јордан Мијалков“.
Бирото за судски вештачења е преселено во зградата на Македонската телевизија на 19 кат.