Насловна / Вести / Нов композитен материјал кој може да ја трансформира автомобилската индустрија

Нов композитен материјал кој може да ја трансформира автомобилската индустрија

Истражувачите од University of Surrey  и Hopkins University пронајдоа нов вид на материјал кој има сериозни изгледи да ја предодреди иднината на автомобилската индустрија. Новиот материјал е исклучително отпорен на вибрации и има одлични особини во однос на звучната изолација. Спореден со материјалите кои денес ги користиме, овој нов пронајдок може да најде широка примена не само кај автомобилите, туку и кај возовите и авионите.

kompoziti1

kompoziti4

Неговата структура содржи мноштво 3D испреплетени слоеви, при што надворешните слоеви се исклучително цврсти, додека внатрешните се флексибилни. Токму затоа, новиот материјал има извонредни својства во однос на пригушувањето на бучавата и вибрациите. Новиот пронајдок без сомнение е импресивен и извонредно значаен за апликации каде се бараат истовремено и механичка цврстина и звучна и виброизолација. На тој начин дури и авионите ќе станат „потивки“.

kompoziti2

Инаку, производителите на автомобили користат значителна количина на материјали кои се звучни излатори, со цел да превенираат високо ниво на бучава и вибрации во кабините. На пример, внатрешноста на Rolls Royce Phantom VIII се смета за најтивка меѓу автомобилите. За да се постигне тоа, инженерите на Rolls Royce морале да користат околу 150 килограми звучно изолационен материјал. Се разбира, ова има своја цена во смисла на намалување на вкупните перформанси и ефикасноста на автомобилот.

kompiziti3

 

Испрати коментар

Scroll To Top