Ситуирана во јужниот залив на Сан Франциско, компанијата YouSendIt, сега позната како Hightail, за дизајнот на своите нови канцелариски простори соработувала со локалното дизајнерско студио Germenia. Ентериерот, исполнет со светлина, го дефинира екстензивна селекција на изработена гарнитура и експриментални уметнички дела, распространета низ катчињата за работа и релаксација и канцеларискиот бар пулт.
Размерот на работните простори создава топла и пријатна атмосфера за вработените, овозможувајќи им да се чувствуваат како во своите домови, работејќи на ергономски канцелариски столчиња и одморајќи се на удобна гарнитура во меѓувреме. Со дел да се акцентира креативниот дух на веб организацијата, стотици хартиени авиончиња надвиснуваат над главниот хол, симболизирајќи го претходното лого на компанијата.